16:59 - 1 април, 2026

(Видео) Ламбе од Галичица ја запеа новата преработка на „Дејгиди луди млади години“: „Ми требаше време и таа, и јас да созреам“

Ламбе Алабаковски ја промовираше песната „Дејгиди луди млади години“ – станува збор за преработка на популарната народна песна која оригинално ја испеа легендарниот Александар Сариевски.

Ламбе рече дека ова е една од неговите омилени песни.

„Морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна”, рече Ламбе на промоцијата.

Аранжманот е на Дарко Димитров и Никола Мицевски. Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, Нина Јанева ги пее придружните вокали, додека пак Никола Мицевски свири хармоника.

За песната беше снимен и видеоспот во Националниот парк Галичица и во Охрид.

 

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....