19:14 - 22 јануари, 2026

(Видео) Кети Пери се бореше да си го најде местото на крунисувањето на Чарлс: Видеото стана хит, а се „приклучи“ и Џон Траволта

Кети Пери беше една од гостите поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III. Пејачката беше инаку задолжена за музичкото шоу по церемонијата, но ѝ се случи многу смешен момент кој бргу станала вирален. Тоа беше моментот кога не можеше да го најде своето место меѓу присутните во Вестминстерската опатија.

Пејачката била „уловена“ како изгледа загрижено и како „талка“ низ Вестминстерската опатија во потрага по своето место каде било предвидено да седне. Најпосле, успеала да си го најде местото за да го следи крунисувањето на кралот, но корисниците на социјалните мрежи се мајтапат на чудниот момент на 38-годишната девојка.

Пери пристигна заедно со уредникот на британскиот Вог Едвард Енинфул. Беше стилизирана во дизајн на Вивиен Вествуд, а изгледот го надополни со огромна шапка.

Корисниците на интернет брзо го овековечија моментот со коментари и мемиња, а со фотошоп постигнаа и ефект на сцена од култниот филм Ефтини приказни (Pulp Fiction).

Инаку, Пери, која е сместена во замокот Виндзор, денес настапува на концертот организиран по повод крунисување на кралот на кој настапуваат и музичката легенда Лајонел Ричи, бендот Take That, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, велшкиот бас баритон Сер Брин Терфел и многу други британски и американски музички ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Слични објави

Мина Костиќ за трагичната смрт на сестра ѝ: „Кога ја видов модра, посакав да си го одземам животот“

Еспресо

(Фото) Едита откри што ја мачи на почетокот од бременоста: „Зошто сум толку ненаситна?!“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Тестаментот не се прави во криза, туку во мир

Еспресо

(Видео) Додека Тошиќ ги менува бравите во вилата, Карлеуша го сонча згодното тело во Дубаи и потроши 10.000 евра за хотелот! 

Еспресо

(Фото+видео) Северина порача дека животот е краток, па на обожавателите им покажа како ужива во него

Еспресо

(Фото) Тело од кое „боли глава“: Сања Кужет позира во бикини на плажите во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....