09:28 - 12 март, 2026

(Видео) Како звучи Александра Пријовиќ без инструменти: „Не можам да сфатам како полни Арени“

Пејачката беше мета на критики од корисниците на Инстаграм кои коментираа видео од некој концерт.

Пејачката Александра Пријовиќ уште откако се појави на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ не остана незабележана, а за тоа е виновен нејзиниот глас кој уште оттогаш воодушеви многумина.

Прија годинава направи вистински „бум“ на регионалната сцена, одржа три концерти во Арената во Белград и пет концерти во Арената во Загреб. Александра заедно со публиката ги отпеа своите бројни хитови, а многу колеги ја поддржаа и гостуваа на бината заедно со неа.

Сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое Александра пее без придружба на музички инструменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marijo marsic (@marsicmarijo)

Додека коментарите под видеото беа главно позитивни, имаше и повеќе негативни коментари од корисниците на Инстаграм кои очигледно не се обожаватели на музиката на Прија.

– „Не ми е јасно кој го слуша ова“, „Која е оваа, навистина не можам да сфатам како распродаде пет концерти во Загреб“, „Девојката е катастрофа“, „Завива како коза“, „Бљак“, „Морам да кажам дека ова што се слуша не е ништо добро“… – гласат дел од коментарите.

Мислењата се поделени, но дефинитивно успехот на Александра Пријовиќ не може да се оспори, а доказ за тоа се бројните хитови, концерти, труд и време што пејачката ги вложи во кариерата.

 

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....