16:06 - 13 ноември, 2026

(Фото) Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ја претставија нивната божиќна честитка

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ја претставија својата прва божиќна честитка во новите улоги. Фотографијата ја споделува официјалниот профил на кралското семејство на Инстаграм.

„Оваа година, официјалната божиќна честитка содржи фотографија на кралот и кралицата направена во собата на тронот во Бакингемската палата на Денот на крунисувањето“, забележуваат претставниците на модерната монархија.

Автор на фотографијата е Хуго Бернанд.

На честитката пишува „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Среќна Нова Година“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кралот Чарлс III стана нов британски монарх веднаш по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 8 септември 2022 година. Сепак, официјалното крунисување се одржа на 6 мај 2023 година во Вестминстерската опатија.

Крунисана е и сопругата на најстариот син на покојната кралица, Камила Паркер.

По Чарлс III, неговиот син Вилијам е прв во редот за тронот. Следни се неговите деца (принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис). Местото за тронот на принцот Хари е после наследниците на неговиот постар брат.

(Фото) Кејт и Вилијам со децата позираат за божиќна честитка: Нова семејна фотографија во лежерен стил

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....