20.8 C
Скопје
15:16 - 11 октомври, 2026

(Видео) Хит на Тикток — девојка му даде број на пејачот на „Магла бенд“, тој ѝ одговори: „Оженет сум“

Интересна ситуација се случи на настап на фронтменот на „Магла бенд“, Владан Савиќ, кога обожавателка од прв ред му подаде ливче со телефонски број.

Пејачот се доближил до девојката и го земал ливчето, но откако видел што пишува на него, реагирал на начин што брзо стана хит на социјалните мрежи.

Со насмевка, Савиќ веднаш ја покажал бурмата, јасно ставајќи до знаење дека е оженет и не е заинтересиран. Потоа ливчето го оставил кај свој колега на сцената.

Неговата реакција наиде на бројни позитивни коментари на социјалните мрежи, каде корисниците го пофалија неговиот гест и начинот на кој ја „решил“ ситуацијата.

Инаку, Савиќ ретко го изложува својот приватен живот во јавноста. Неговата сопруга не сака медиумско внимание, што, како што има изјавено пејачот, е нивен заеднички договор. Сепак, таа повремено се појавува на неговите концерти и му дава поддршка.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....