15:40 - 3 април, 2026

(Видео) Хари и Меган Маркл телефонираат на добитниците на грантови: Прва заедничка снимка по гласините за развод

Војводите од Сасекс одеднаш се појавија обединети по гласините за проблеми во нивниот брак.

Принцот Хари и Меган Маркл вчера покажаа дека се уште се цврсто заедно појавувајќи се во видео за подигање на свеста кај младите за безбедност на интернет. Војводата и војвотката од Сасекс ги изненадија американските приматели на првите грантови од Младинската фондација за одговорна технологија со телефонски повици за да им честитаат за грантот, пишува Дејли Мејл.

Видео го означува првото појавување на Хари и Меган заедно по речиси три месеци, поточно по доделувањето на наградите Women of Vision во Њујорк на 16 мај.

38-годишниот Хари ги спомна и неговите деца Арчи (4) и Лилибет (2), велејќи: „Ви благодарам за сè што правите. Нашите деца се особено многу благодарни“.

Меган (41) потоа низ смеа додаде: „Сè уште не знаат, но ќе дознаат!“

Видеото беше објавено од RTYPF, а не од парот, но на снимката има дел како разговараат во нивната вила од 12 милиони фунти во Монтесито, Калифорнија.

Фондацијата Арчевел на двојката е една од основачите на Фондацијата за млади која има за цел да им помогне на оние кои работат во „одговорната технологија“.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....