5.8 C
Скопје
03:08 - 1 април, 2026

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

Игор Џамабзов доживеал голема неправда во времето кога загина Тоше Проески, и за тоа актерот искрено раскажа.

Во подкастот на Стефан Лазаров, тој гостуваше заедно со неговиот колега, актерот Тони Михајловски, и Лазаров го праша:

-Додека го подготвуваш говорот за Тоше на „Златна бубамара на популарноста“ во рака имаш цигара и пиво. Те сликаат и пишуваат: „Еве го Игор Џамбазов, се дружи со своите најверни пријатели, со алкохолот и цигарата“.

-Ѓубриња! Што да ти кажам? Не е битен говорот за Тоше, не е битно што тоа го гледале милиони луѓе. Не е битно што ти си добил најдобри коментари. Јас сум слушнал за себе работи што во најбујната фантазија не сум можел да ги смислам за да ги ставам во книга.

Може да ме погоди нешто. Брзо сега ме погоди нешто. Нешто се расправаа, дали лајкнав, дали нешто искоментирав, и еден ми напиша: „Ти немаш право да збориш, ти сите твои шанси во животот ги пропушти.

Не можеше да ми текне дека нешто сум пропуштил. Бевме со Тони на проба и го прашав што може да е тоа. Од г—-o сум шравел злато, торта. Сум имал најголеми гледања..

-Тоа е нормално, на народ уста не затвараш, не нѐ сакаат сите, и тоа е многу здрава работа. Добро е кога не те сакаат сите. Кога пола те мразат тогаш си океј- се надоврза Тони Михајловски.

Додека зборуваа, се покажа дел од говорот на Игор Џамбазов на „Златна Бубамара“ во 2008 година на која речиси сите во публиката во Универзалната сала плаче. „Салава е полна ама празна, седиштата полни, ама срцата празни, затоа што те нема тебе пријателе мој млад“, рече тогаш Џамбазов. 

Фото / Инстаграм принтксрин

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....