04:33 - 2 ноември, 2026

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Детската телевизиска серија „До, ре, ми“ беше една од најпопуларните и најгледани детски емисии на Македонската радио-телевизија, емитувана на МРТ 1 во периодот од 1990 до 1991 година. Серијата имаше една сезона со осум епизоди и за многумина остана симбол на безгрижното детство.

Во „До, ре, ми“ настапија бројни истакнати актери од македонската сцена, меѓу кои Петре Прличко, Милица Стојанова, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Кирил Андоновски, Стојна Костовска, Ненад Стојановски, Силвија Стојановска и многу други препознатливи лица од тогашната телевизиска и театарска сцена.

Но, серијата не беше значајна само по актерската екипа. „До, ре, ми“ беше и прва телевизиска сцена за дел од децата кои подоцна ќе изградат сериозни кариери во музиката и медиумите. Меѓу нив се пејачката Маја Саздановска, пијанистот Симон Трпчески, новинарката Бојана Тевчева, но и едно четиригодишно момче кое денес е значајно име на современата македонска музичка сцена – Ади Имери.

Ади Имери, роден на 3 јануари 1986 година во Скопје, се појавува во шестата епизода од „До, ре, ми“, каде како мало дете ја изведува песничката „Суша“.

Денес, Имери зад себе има повеќе од 20 години активна кариера, бројни бендови, музички проекти и значаен авторски и изведувачки ангажман, особено во рок, алтернативната и експерименталната музика, како и во театарската сцена.

Тој доаѓа од музичкото семејство Имери, во кое музиката е начин на живеење: неговиот татко Дамир Имери е етаблиран музичар, мајката Будимка е флејтистка и музичка продуцентка, а братот Дино Имери е еден од најценетите македонски пијанисти.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....