13:17 - 5 декември, 2025

(ВИДЕО+ФОТО): Со помош на интернет РЕШИЛ МИСТЕРИОЗНО УБИСТВО старо 30 години

Кога имал 17 години, Тод Метјус слушнал за случајот со нерешеното убиство на девојка, кој бил познат како Tent Girl (девојката од шаторот), приказната го заинтригирала па така тој одлучил да го открие нејзиниот идентитет.

Телото  во шеесетите години било пронајдено замоткано во платно од шатор. Полицијата ја објавила истрагата, но не успеале да дознаат која е таа. На крајот девојката била закопана, а на нејзината надгробна плоча стоело само „Tent Girl“

Метјуз за ова злосторство дознал во 1987-та година и одлучил малку да го истражи. Во време кога телото е пронајдено, немало интернет, па така тој подоцна одлучил да го искористи со цел да проба да го открие идентитетот на мртвата девојка.

Оригиналната скица, Фото: Твитер

Тој раскажал дека најмногу го погодил фактот дека таа немала ниту име на надгробниот споменик.

– Имав 17 години и за Ноќта на вештерките раскажувавме страшни приказни. Мојата сегашна жена тогаш раскажа како нејзиниот татко покрај патот пронашол тело замотано во шаторско платно. Ме погоди фактот дека жртвата немала ниту име на надгробниот споменик. Имав брат и сестра кои починаа како бебиња, но имаа имиња кои стоеа на нивните надгробни споменици. Таа немаше ниту име, затоа тоа толку долго ми остана во глава, раскажа тој.

На само 17 години ја започнал истрагата, разговарал со таткото на својата тогашна девојка, истражувал по новинарските натписи. Со години истрагата не напредувала, а кога во деведесетите се појави интернетот, тој направил интернет страна посветена на девојката од шаторот.

– Ги собирав сите информации кои ги имав за неа и помислив дека е добро сето тоа да се објави, изјави тој.

Ги пребарувал интернет страниците на кои луѓето ги бараат изгубените членови од семејството и наишол на една порака од една жена од Арканзас која ја барала својата сестра, последен пат видена во 1967 година во градот Лексингтон во Кентаки, недалеку од местото каде е пронајдено телото на девојката.

– Веднаш ми беше јасно дека тоа е личноста која ја барам, изјави Метјуз.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Телото на девојката од шаторот е ексхумирано во 1997 година, а полицијата успеала да потврди дека се работи за Барбара Хакман Тејлор, исчезнатата сестра на жената која Метјуз ја пронашол.

Барбара исчезнала кога имала 24 години, а зад себе оставила сопруг и ќеркичка. Во времето кога била идентификувана, нејзината ќерка веќе била возрасна и веќе основала свое семејство.

Главен осомничен за убиството бил нејзиниот сопруг Џорџ Ерл Тејлор кој починал од рак во 1987-та година.

По успешната истрага Метјуз учествувал во развојот на првата онлајн база на податоци за исчезнатите и неидентификувани лица.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....