13:18 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) „Само сврти се“ – Балада со темел од емоции и уметност на Лара Иванова и Панче Касапски

Во преостанатите денови од последниот месец од годината, македонската музичка сцена на крајот на 2021ва, започнува да добива сè пооригинален лик и форма.

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видео записот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.

фото: приватна архива

Зад првиот дует на Лара и Панче стои квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Режисерската палка на видео записот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.

Видео спотот од новата песна на Лара Иванова и Панче Касапски, „Само сврти се“ својата премиера ќе ја има вечерва (28.12.2021) точно во 19:00 часот на официјалниот YouTube канал на Лара:

„Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело. Видеото изобилува со црно-бел приказ, но вистинскиот колорит на песната се чувствува во самата мелодија и во мојата и изведбата на Панче, — нешто кое Ѓорги Вацев умешно успеа да го долови. Спотот е снимен во Музејот на Град Битола, можност за која што сум многу благодарна, како на институцијата, така и на Битолчани,“ изјави Лара.

фото: приватна архива

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....