10:29 - 7 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ФРАЕРИ И ВО 7-МАТА ДЕЦЕНИЈА: Холивудски легенди зачекорија на модната писта на Прада

Холивудските легенди Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан ги изненадија сите присутни на машката модна недела во Милано, кога и двајцата прошетаа како модели за Прада по пистата во неделата, пренесува „CNN“.

Шоуто се одвиваше во комплексот „Fondazione Prada“, каде моделите се движеа низ тунелот инспириран од научна фантастика на цик-цак пистата.

Голдблум и Меклахан беа меѓу 10-те холивудски актери поканети од италијанскиот моден гигант да ја прикаже својата колекција на машка облека есен-зима 2022 година, која е футуристичка визија за облека на работното место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabio Ciquera (@godsavethefabs)

Прв се појави Кајл Меклахлан, кој носеше долг капут преку панталони во сина боја и кошула со соодветни ракавици. Тој подоцна се огласи на „Твитер“ за да му се заблагодари на кокреативниот директор на Прада, Раф Симонс, нарекувајќи ја можноста да се отвори шоуто „чест“.

Опишувајќи ги актерите како „толкувачи на реалноста, вработени да ја одгласуваат вистината преку нивните портрети“, Прада исто така покани неколку други познати холивудски фигури да бидат модели на ревијата. Ештон Сандерс, од оскаровецот „Moonlight“ и ѕвездата од „The Queen’s Gambit“ Томас Броди-Сангстер беа меѓу познатите личности кои се појавија во шоуто во неделата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Z Magazine (@zmagazinee)

Голдблум, кој е познат по тоа што носи шарени парчиња од Прада го затвори шоуто. 69-годишникот се појави во целосно црн аутфит, вклучително и темен капут со мохер облоги и ракави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by accessFASHION (@access_fashion)

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....