16:45 - 2 април, 2026

(Видео) Џонсон малку ги помеша лонците: Ти благодарам Путин за твоето инспиративно лидерство!

Меѓународната заедница за миг беше шокирана од изјавата на поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон.

Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон во обраќање за време на седницата во Долниот дом на британскиот парламент направи лапсус што долго нема да се заборави.

Имено, Џонсон во текот на својот говор му се заблагодари на Владимир Путин за неговото инспиративно лидерство, наместо на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

– Благодарение на херојството на украинската армија, делумно благодарение на оружјето што гордо го испраќаме, му честитам на мојот пријател (Џејмс Хипи, министер за одбрана) за она што го прави британската армија, за оружјето што го испраќаме, листата е долга. Благодарност, секако, и на инспиративното лидерство на Владимир Путин – рече Џонсон и застана.

Кога сфати што кажал, лапсузот веќе беше направен.

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....