10.8 C
Скопје
23:59 - 3 април, 2026

(Видео) Џон Траволта со солзи и емотивен говор на Оскарите: „Тие ни ги допреа срцата, нè насмеаја, ни станаа драги пријатели…“

2022 година беше тешка година за Џон Траволта. И покрај тоа, актерот доброволно се пријави да искаже почит за Оскарите во 2023 година во спомен и во чест на неговите покојни пријатели – актерките Оливија Њутн Џон и Кирсти Али, но и на другите членови на забавната индустрија кои починаа во изминатата година.

Видно емотивниот Траволта на миг како да се бореше со воведот во говорот. Потоа ја цитираше  Hopelessly Devoted To You, песната на Њутн Џон од 1978 година од саундтракот на Grease. Музичарот Лени Кравиц го направи остатокот изведувајќи ја својата песна Calling All Angels.

„Во оваа индустрија, ние го имаме реткиот луксуз да го правиме она што го сакаме во животот“, изјави Траволта, „и понекогаш тоа го правиме со луѓе што ги сакаме“.

„Бидејќи вечерва е ноќ во која се слават нашите достигнувања во изминатата година, пристојно е да ги славиме и оние што ги изгубивме“, продолжи Траволта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

„Тие ни ги допреа срцата, нè насмеаја и ни станаа драги пријатели на кои секогаш ќе останеме безнадежно посветени“, рече тој додека солзи му дојдоа на очите цитирајќи дел од песна на  Оливија Њутн Џон.

Добитникот на Греми, Лени Кравиц, направи сензационална изведба на Calling All Angels, додекаоние што забавната индустрија ги изгуби во текот на изминатата година беа претставени на видео бим.

Некои од нив беа : Реј Лиота, Оливија Њутн-Џон, Ракел Велч, Кирсти Али, композиторот Бурт Бахарах, режисерите Волфганг Петерсен, Боб Рафелсон и Жан-Лук Годар и продуцентот и поранешен претседател на Академијата Валтер Мириш.

 

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....