04:54 - 27 ноември, 2026

Бред Пит направи бизнис на Оскарите, гостите пиеја негов шапмањ: Цена на едно шише е 310 долари

Официјалниот пијалок на церемонијата на Оскарите, која синоќа се одржа во Лос Анџелес беше розе шампањ Fleur de Miraval од винаријата на Бред Пит, пренесува Дејли меил.

Цената на едно шише е 310 долари. На гостите на церемонијата пијалокот им е послужен втора година по ред.

За прв пат, розе шампањот беше создаден во винаријата на Бред Пит во 2020 година – винарите од семејствата Перран и Питерс учествуваа во неговата врвна изработка.

„Розе шампањот е сè уште прилично непознат производ. Сакавме да создадеме примерен бренд на розе шампањ, фокусирајќи ги нашите напори само на еден производ “, објасни тогаш актерот.

Тој истакна дека го смета резултатот извонреден и призна дека е горд на добиениот пијалок.

Претходно, шампањ на церемонијата на Оскар се служеше од шампањската куќа Пајпер-Хајдсиек, основана во 1785 година. Сепак, во 2021 година беше заменет со брендот на Бред Пит „Fleur de Miraval“.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....