7.8 C
Скопје
11:04 - 20 февруари, 2026

(Видео) „Деп против Херд“: Нетфликс објави трејлер за филмот за скандалозното судење

На својот Јутјуб канал, Нетфликс објави трејлер за филмот за скандалозниот развод и правните „пресметки“ меѓу актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Филмот, кој ќе се состои од три епизоди, наскоро ќе биде пуштен на стриминг платформата. Премиерата е закажана за 16 август годинава.

„Деп против Херд го истражува злогласниот случај на клевета што го привлече вниманието на светот како прво судење емитирано на социјалната мрежа ТикТок, и ја доведува во прашање природата на вистината и улогата што таа ја игра во нашето модерно општество“, се вели во описот на трејлерот.

Филмот раскажува за тоа како разводот на Деп и Херд стана вистински феномен кој буквално го окупираше вниманието на целиот свет.

Актерот Џони Деп и Амбер Херд се венчаа во февруари 2015 година. Во брак живееле 15 месеци. Потоа, Херд поднесе барање за развод, обвинувајќи го актерот за семејно насилство.

Во ноември 2020 година, Деп го загуби првиот случај на суд. Актерот тврдеше дека Херд го обвинила за малтретирање и тепање, но тоа всушност не се случило. Според Деп, неговата поранешна сопруга измислила и исценирала се.

Во позадината на целиот случај, кариерата на Деп почна брзо да пропаѓа, тој беше лишен од улоги и ите рекламни кампањи во кои глуми му беа откажани.

За време на рочиштата, кои траеја речиси две години, јавноста се запозна со бурната љубовна врска на Деп и Херд. Во 2022 година Деп ја доби тужбата и во негова чест направи „победничка забава“. Неговата кариера повторно тргна нагоре, а Херд си замина од Холивуд и се пресели во Шпанија.

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....