03:35 - 2 ноември, 2026

(Видео) Цеца блесна во комбинација вредна повеќе 25.000 евра: Еден детаљ бил убедливо најскап

Пејачката Цеца Ражнатовиќ привлече внимание на прославата по повод 30-годишнината на „Блиц“. На црвениот тепих се појави во друштво на пријатели и соработници, а погледите веднаш биле насочени кон неа.

Таа избрала мал црн фустан, која ѝ стоел совршено, а изгледот го надополнила со чевли на висока потпетица во иста боја и луксузна чанта од позната модна куќа.

Иако на прв поглед целиот изглед делувал исклучително луксузно, на социјалните мрежи набрзо се развила дискусија за тоа колку всушност чинела комбинацијата.

Според податоците од страница која ги следи модните изданија на Цеца, фустанот наводно чинел само 100 евра. Медиумите наведуваат дека со изборот на овој модел таа покажала дека умее одлично да носи и подостапни парчиња облека.

Но, останатите детали од стајлингот биле значително поскапи.

За чевлите, според пишувањата, Цеца издвоилила околу 970 евра.

Најскапиот моден додаток, пак, била луксузната чанта од модната куќа „Шанел“, за која наводно платила дури 7.400 евра.

Но, тука не завршува списокот на скапи детали.

Пејачката носела и препознатлив накит од луксузниот бренд „Ван Клиф и Арпелс“ (Van Cleef & Arpels). Цената на ваквиот накит зависи од бројот на мотиви и од материјалите од кои е изработен.

Класичните модели со пет или десет мотиви чинат меѓу 5.000 и 10.000 евра, додека посложените, повеќеслојни модели со поголем број мотиви можат да достигнат цена од 15.000, па дури и повеќе од 25.000 евра.

Кога ќе се земат предвид фустанот, чевлите, чантата и накитот, Цеца на прославата пристигнала со комбинација чија вкупна вредност, според пишувањата на медиумите, надминувала три милиони динари (околу 25.000 евра).

Токму накитот бил еден од деталите што најмногу придонел за високата вредност на целокупниот изглед, а нејзината појава повторно предизвикала големо внимание.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....