01:37 - 11 април, 2026

(Видео) Бритни Спирс пак танцува на „шипка“: Најпровокативна кореографија до сега

41-годишната американска поп пејачка Бритни Спирс, која неодамна се раздели од сопругот, не престанува активно да танцува и да објавува видеа од нејзините танци на социјалните мрежи.

Неодамна, пејачката си набави „шипка“ и сега ги воодушевува нејзините следбеници на Инстаграм со уште попровактивна кореографија.

Спирс сподели  ново видео, каде облечена во светло розови бикини и црни чевли на високи потпетици танцува на песната на Бијонсе „Don’t Hurt Yourself“. Таа се гали со раката, а нејзините движења и пози многу откриваат.

Во видеото Бритни танцува со телефонот во раце, снимајќи се себеси пред огледало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Коментари на видеото не се дозволени.

Сепак, според фановите, пејачката оди предалеку, објавувајќи многу „искрени“ вида и премногу емотивни објави.

Не така одамна во медиумите се прошири информација дека Спирс, откако нејзиниот сопруг Сем Асгари поднел барање за развод по 14 месеци брак, започнала афера со поранешниот куќен помошник Пол Ричард Солиз, кој имал проблеми со законот во минатото. Тој пак, јавно проговоре за Бритни како за „феноменална жена“. Но, набрзо таблоидите објавија дека ѕвездата го напуштила и сега повторно е сама.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....