16:29 - 6 ноември, 2026

(Видео) Били Ајлиш за комплексите за изгледот: „Морав да поминам низ процес на прифаќање дека моето тело сум навистина јас“

били ајлиш

Пејачката Били Ајлиш во интервју за магазинот „Вог“ проговори за омразата кон себе во адолесценцијата и неприфаќањето на сопственото тело.

Пејачката признава дека како тинејџерка постојано се борела со сомневање во себе и се „мразела себеси“ кога се обидувала да го прифати својот изглед.

„Како тинејџерка се мразев себеси и моето тело. Всушност бев гневна кон моето тело. Бев лута поради тоа колку болка ми предизвика“, рече Били.

„Чувствував дека моето тело буквално манипулира со мене со години. Морав да поминам низ процес на прифаќање дека моето тело сум навистина јас“.

Били имала комплекси и поради изгледот во 2021 година: во едно интервју, Ајлиш призна дека се вознемирува гледајќи ги фотографиите на луѓето на социјалните мрежи, иако знаела дека не може да се верува на сè што е постирано и што изгледа реално, а не е. Таа истакна дека се уште е незадоволна од своето тело и од начинот на кој изгледа.

Били Ајлиш претходно откри дека носи предимензионирана облека, поради што често се соочувала со обвинувања дека изгледа „неженствено“. Кога пејачката почнала да носи фустани и поженствена гардероба,  почнале да ја прекоруваат дека нејзините фотографии се провокативни.

Били Ајлиш ја спомна и нејзината врска со нејзиното момче, фронтменот на The Neighborhood, Џеси Радерфорд. Нивната романса стана позната во октомври оваа година, кога беа забележани на вечера.

„Откако сфатив дека сме заедно, мојот живот стана многу подобар“, рече пејачката.

Слични објави

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо
Се вчитува....