08:52 - 7 ноември, 2026

(Видео) Безвременски лет за „патниците“ на концертот на „Меморија“; синоќа се дружеа сите генерации на едно место од сите страни на Македонија

Сите што присуствуваа на „безвременскиот лет“ вчеравечер на концертот на Меморија, во салата Борис Трајковски, сведочеа на незаборавно патување низ минатото,сегашноста и иднината.

Фото- Фејсбук Петар Георгиевски Камиказа

Меморија уште еднаш ги спои сите генерации, од сите краеви на Македонија, на едно место, кои наизуст ги пееја добро познатите песни.

И изведувачите – Перо, Поце, Тинко, Димитар, Бане, Сашо – задоволни, и публиката пресреќна, а на социјалните мрежи „се вртеа“ селфи и групни фотографии уште од почетокот на концертот па до финалето – кулминацијата на журката, па така и тие што не беа во салата, веќе беа информирани како напредува расположението.

Концертот започна со „Македонија“, а потоа се редеа хитовите „Оган под ѕвездите“, „Дирлада“, Зошто Боже“…, а гости на концертот беа „Некст Тајм“.

За оние кои пропуштиле, ви носиме дел од атмосферата.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....