12:30 - 7 ноември, 2026

(Видео) Актерката од „Фелисити“ ја напушти удобноста на својот дом за да сними одличен политички трилер

Кери Расел, незаборавната Фелисити ја игра главната улога во политичкиот трилер „Дипломат“ кој постигна голема гледаност на Нетфликс.

Расел во еден разговор откри дека ја прифатила улогата поради авторката на серијата.

„Не барав друга серија. Имав одлично искуство со серијата The Americans и имам исполнет живот дома. Имам деца кои уште се на училиште, па само наоѓам причини да не прифатам снимање. Но, претпоставувам дека причината беше Дебора Кан, која е авторка на серијата и нејзиниот посебен бренд на остар политички жаргон измешан со нејзиниот хумор“, рече Расел.

Овој политички трилер ја следи кариерата на дипломатка во американската амбасада во Лондон. Протагонистката добива мандат за амбасадорка во Лондон, но тоа има големи импликации за нејзиниот работен и личен живот. Сето ова се случува додека во позадина се одвива меѓународна криза.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....