6.8 C
Скопје
08:02 - 30 март, 2026

(Видео) 3.000 полицајци и војници: Турнејата на принцот Хари и Меган Маркл ја чинеше Колумбија огромни пари

Обезбедувањето за време на четиридневната турнеја на принцот Хари и Меган Маркл низ Колумбија го чинело буџетот на земјата значителна сума, пишува Дејли мејл.


Принцот Хари и Меган Маркл биле поканети од колумбискиот потпретседател Франсија Маркез. Колумбиските новинари велат дека безбедноста на помладиот син на британскиот крал Чарлс Трети, Хари, и неговата сопруга чинела околу два милиони долари.

Трошоците за безбедност изнесувале повеќе од 488.000 долари дневно. Тие вклучувале распоредување на 3.000 полицајци и војници, како и хеликоптери, кучиња трагачи, единици за отстранување бомби и чувари со полно работно време со штитови отпорни на куршуми во случај на снајперски напад.

Колумбискиот функционер Андрес Ескобар во интервју за Дејли мејл изјави: „Земјата плати речиси два милиони американски долари за безбедноста на ова патување, а има многу Колумбијци кои се гладни и немаат можност да си ги задоволат своите основни потреби… Во економска криза сме, а за посетата на Хари и Меган беа потрошени огромни пари кои се користеа за колумбиските воени авиони и хеликоптери, а овие пари можеше подобро да се потрошат… Во лоша состојба сме, а од друга страна се фрлаат пари“.

Посетата вклучувала и посети на градовите Картагена и Богота и кратка посета на селото Сан Базилио де Паленке, основано од ослободени африкански робови пред речиси 300 години. За време на турнејата, Меган и Хари разговараа за семејното насилство, сајбер-малтретирањето, менталното здравје во дигиталната ера и зајакнувањето на жените.

 

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....