13:41 - 27 ноември, 2026

Ветеринари во Грција се борат да спасат бело тигарче – го нашле под канта за ѓубре

Грчките ветеринари се борат да спасат бело тигарско младенче оставено во корпа за отпадоци во зоолошката градина во Атина, за кое се верува дека е жртва на нелегална трговија со диви животни.

Тримесечниот бел тигар бил пронајден под корпа за отпадоци на паркингот во Зоолошката градина Атика на 28 февруари од чистачка, која го известила сопственикот на зоолошката градина, објави Ројтерс.

Основачот на зоолошката градина Жан-Жак Леже изјави дека ова е прв пат вакво животно да биде фрлено пред нивната зоолошка градина.

„Имавме неколку случаи на фрлени животни, но обично тоа се напуштени миленичиња – кученца, мачиња, желки, но тигар никогаш“, рече тој.

На снимката од безбедносната камера на зоолошката градина се гледа како возило пристигнува до кантите претходната ноќ пред полноќ.

„Властите се обидуваат да влезат во трага на регистарските таблички“, рече Легер.

Животното било изнемоштено и дехидрирано и во тешка состојба.

„Кога првпат го видов младенчето, не можев да верувам што гледам пред мене, искрено не можев да верувам дека животното е во таква состојба“, изјавил ветеринарот од зоолошката градина.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....