02:10 - 8 ноември, 2026

Весна Змијанац, „кралицата на тагата“: Одев на гробишта, пиев 9 чоканчиња ракија и заспивав. Ништо не е потажно од пијана жена

„Често знаев да побарам утеха во кафеаните, не само поради тагата во песните, туку и затоа што таму чувствував чувство на припадност и разбирање што не го наоѓав секогаш кај луѓето во мојот живот“, рече Весна Змијанац, пејачка позната по својот специфичен, силен и продорен глас, кој беше наречен „глас на тагата“. Често настапувала во мали места, на локални фестивали, во кафеани и секогаш нагласуваше дека повеќе ужива во поврзувањето со публиката отколку во естрадниот сјај.

Издаде 14 студиски албуми, а со 6,7 милиони продадени албуми, се смета за една од најуспешните пејачки во поранешна Југославија.

Но на патот до славата не ѝ било лесно.

Весна настапувала секоја вечер, а во една прилика открила дека со години имала проблем со алкохолизмот, но и со недозволени супстанции.

Пејачката ја шокираше јавноста со некои детали од својот приватен живот.

– Одев на гробиштата во Букуља, седнував на гробот на некоја баба и пиев по девет чоканчиња ракија, а потоа заспивав… – раскажа Весна, а според нејзините сопствени искази, во младоста најчесто пиела во друштво на опасни момци, пренесе Блиц.рс.

– Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. Јас самата сум склона кон тој порок, за кој нема оправдување, ниту пак го барам. Тажно е кога жената ја ублажува својата беда и очај со алкохол. Мажите се некако во предност кога станува збор за опивање – иако не знам зошто и кој им ја дал таа предност, барем во однос на разбирањето и гледањето на самиот чин на пијанство – рече таа еднаш.

– Моите искуства се многубројни и различни. Ги стекнувам и до денес. Понекогаш човекот мора да се спушти до дното на себеси. Да го пушти она животното во него да се олади – рече пејачката.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....