10:23 - 30 јануари, 2026

Велигденска чоколадна торта: Мирис и вкус на празниците

Велигденските празници направете ги уште поубави подготвувајќи превкусна празнична торта. А која торта е најубава? Се разбира, чоколадната.

Тортата декорирајте ја во духот на празниците – со чоколадни јајца или со чоколадно зајаче за свечената велигденска трпеза.

Намирници за бисквитот

4 јајца,

100 гр шеќер,

1 ванилин шеќер,

100 мл масло,

70 гр остро брашно,

30 гр какао во прав,

половина ќесичка прашок за пециво.

Намирници за чоколадниот крем

500 мл слатка павлака за шлаг,

300 гр чоколадо за готвење,

200 гр млечна чоколада.

Подготовка

Помешајте го брашното со прашокот за пециво и какаото, па ствете го настрана. Белките од јајцата измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пак, пенесто измиксајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете масло. Неизменично додавајте по малку од сувите состојки, по малку од белките и нежно мешајте ја смесата додека сите состојки се соединат.

Со мрсна хартија за готвење обложете го дното на калапот за печење (26 см), па претурете ја подготвената бисквитна смеса. Бисквитот печете го 15-20 минути на температура од 180 степени. Со чепкалка проверете дали е испечен.

Оставете го бисквитот во калапот за торта и оставете 15-на минути да се излади на собна температура. Во меѓувреме подгответе го чоколадниот крем. Во лонче ставете ја павлаката за шлаг и искршената чоколада и загревајте го кремот на ниска температура додека чоколадата се стопи. Чоколадниот крем претурете го врз бисквитот. Тортата прво изладете ја сосема, на собна температура, а потоа во фрижидер (најдобро преку ноќ).

За украсната декорација на тортата ќе ви треба чоколадно зајче (поголемко), мини-чоколадни јајца и малку зелен кокос кој ќе имитира трева. Зелениот кокос ќе го добиете на тој начин што на кокосот ќе му додадете зелена боја за готвење. Обоениот кокос распоредете го врз тортата, па украсете со чоколадниот зајак и јајцата.

Слични објави

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо
Се вчитува....