10.8 C
Скопје
08:44 - 20 април, 2024

Услуги по акциски цени во Клиника „Жан Митрев“: Препознајте ги симптомите на мозочен удар и реагирајте „ИТНО“!

Изнемоштеност во екстремитетите или парализа на едната страна на телото. Темни точки на едното или обете очи, редуциран вид или двојно гледање. Ненадејна/нагла силна главоболка. Отежнат говор. Реагирајте веднаш доколку имате некој од овие симптоми.


Мозочниот удар е состојба на акутна исхемија на централниот нервен систем, која настанува поради прекин или редукција на интрацеребралната циркулација. Ова се должи на тромбоза, емболија или спазам или крварње на артерискиот крвен сад, кој во крајна мерка доведува до намалување на циркулацијата на одредена регија во зависност од подрачјето на васкуларизацијата и како резултат на тоа оштетување на мозочното ткиво.

Дефицитот на крвоснабдувањето доведува до намалување на кислородот или другите нутриенти во мозокот и води кон изумирање на мозочните клетки. Мозочната циркулација исто така може да биде засегната како резултат на руптурирана (пукната) артерија на мозокот.
Некои луѓе може да имаат само привремена исхемија на мозочната циркулација и состојба која се нарекува транзиторна исхемична атака (ТИА), која за среќа не доведува до трајни невролошки оштетувања.

Деведесет проценти (90%) од ударите се случуваат поради згрутчување на крвта, исхемични мозочни удари, настанати поради постоење на тромб во одреден дел од мозокот кој предизвикува изумирање на мозочното ткиво кое не може да преживее без кислород.

Како навреме да препознаеме мозочен удар имајќи предвид дека секоја секунда е важна во обид за намалување на оштетувачките ефекти на ударот? Каква е симптоматологијата, знаците кои треба да не упатат на барање итна лекарска помош?

Знаци и симптоми се следниве:

– Отежнат говор и отежната перцепција на околината, конфузност или сензорна афазија.
– Парализа или слабост на лицето, рацете или нозете. Ова често се случува само на едната страна од телото, а може да предизвика и асиметрија на усните.
– Проблеми со видот на едното или обете очи, редуциран вид или темни точки на едно или обете очи или двојно гледање.
– Главоболка – нагла силна главоболка која често се надополнува со повраќање, вртоглавица или пореметена свест.
– Отежнато одење – атаксија, губиток на координација или нагла слабост.

Доколу кај пациентот постои било кој од наведените симптоми потребно е да се побара лекарска помош.

Во современата медицина постои синтагмата „Времето е мозок“ (time is brain). Акутниот мозочен удар е акутна состојба која се третира во така наречените центри за мозочен удар при што од клучна важност е реперфузијата да се спроведе во првите 60-120 минути од почетокот на првите симптоми.

Во рамките на кампањата наменета за подигање на свеста за препознавање и брза реакција при мозочен удар, во Клиника „Жан Митрев“ достапни се следните услуги по акциски цени:

невролошки преглед: 2500 ден.

ЕЕГ: 2500 ден

ЕЕГ со депривација на сон: 3500 ден.

невролошки пакет (преглед+ЕЕГ): 5000 ден.

транскранијален доплер: 3500 ден.

МР на глава (нативна/контраст): 13500 / 16000 ден.

КТ на глава (нативна/контраст): 12000 / 14000 ден.

ТЕЕ: 8000 ден.

Тимот на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Јавете се на тел: 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо
Се вчитува....