19.9 C
Скопје
00:27 - 13 јули, 2026

Веќе не зборуваат, само преку адвокати: Раздорот на Бен Афлек и Џенифер Лопез достигна ново ниво

Бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек продолжува да се распаѓа. Двојката која на 16 јули требаше да ја прослави втората годишнина од бракот, а сега, според пријателите, се подготвува за развод, престана да комуницира меѓу себе.

Според таблоидот ТМЗ, тие не само што не сакаат да се сретнат за да разговараат за деталите за разводот, туку дури и не сакаат да разговараат по телефон.

За да избегнат лична комуникација, и двајцата се обратиле до нивните деловни менаџери за да преговараат, а кога ќе се договорат, ќе ангажирале адвокати за развод.

Има многу факти кои укажуваат дека парот нема намера да се помири. Највидлив од нив е купувањето на дом од 20,5 милиони долари од страна на Бен Афлек во Пацифик Палисајдс. Згора на тоа, актерот избра многу ризичен датум за ваков чекор – 24 јули, денот кога неговата сопруга го прослави својот 55-ти роденден, секако без него. Според пријателите на Џенифер, купувањето на куќа токму на тој датум ја налутило пејачката многу, и се чувствувало како да добила убод со нож во срцето.

Двојката, исто така, ја стави на пазарот на продажба својата палата во Бел Ер, која ја купија минатата година за речиси 61 милион долари. За неа сега сакаат да добијат 68 милиони долари, но досега не се нашол некој кој сака да го купи замокот.

Медиумите, повикувајќи се на блиското опкружување на парот, објавија дека тие веќе ги комплетирале документите за развод пред еден месец, но го чекале вистинскиот момент да го објават тоа јавно.

„Тогаш тие ќе објават заедничка изјава во која ќе кажат колку се сакаат и како се бореле за да функционира бракот, но не можеле да успеат. Да бидам искрен, на крајот не можеа да дојдат до компромис. Тоа што го имаа се случило во минатото, сега тоа го нема, и двајцата се помириле со тоа“, велат доушниците.

Во меѓувреме, Бен Афлек се промени до непрепознатливост. Тој не само што ја избричи брадата, туку направи и нова фризура.

Бен и Џенифер последен пат беа фотографирани заедно на 30 март. Оттогаш, тие го поминаа летото одвоено, Џенифер главно на источниот брег, а Бен остана дома во Лос Анџелес.

(Фото) Бен Афлек драстично го промени изгледот по разделбата со Џенифер Лопез: Подмладен и со кратка коса

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....