18.8 C
Скопје
16:56 - 15 март, 2026

Ведрана Рудан: „Пријовиќ направи повеќе за мирот меѓу Србите и Хрватите отколку целото ѓубре кое се фотографира во одела“

ведрана рудан

Откако ги крена сите на нозе со концертите што ги одржа во преполната белградска Арена, Александра Пријовиќ стана една од најбараните пејачки не само во Србија, туку и во целиот регион. Таа закажа три концерти во Сараево, како и пет во Арената во Загреб, што е рекорд за Загребската Арена.

Нејзиниот успех го пофали и хрватската новинарка и писателка Ведрана Рудан, позната по нејзиното зборување „без влакна на јазикот“. Гостувајќи во една емисија, Рудан кажа – „Младите луѓе се пред се паметни, не се оптоварени со никакво минато зашто професорите кои предаваат во училиштата се толку здодевни, па иако ги насочуваат кон некоја носока, овие тоа не го слушаат зашто се на своите телефони. Можат да брборат што сакаат, но овие не обрнуваат внимание на тоа“ – почна писателката и додаде:

„И таа Александра, таа во Хрватска е сигурно поголема ѕвезда од нашиот премиер. За неа сите знаат. А како се вика премиерот на Хрватска, мојата внука сигурно не знае ниту ѝ е гајле. Јас ја прашав внуката дали знае која е Александра Пријовиќ, а таа ми вели „бабо, како можеш тоа да ме прашаш“, и почна да пее нејзини песни, кои јас, се разбира, не ги знам – вели Ведрана Рудан.

Писателката додаде дека Александра Пријовиќ склучила мир меѓу Србите и Хрватите повеќе отколку „господата во одела“.

– Не може да се врати. Не можеме да ги претвориме нашите деца во некакви мали усташи. Не ние, туку некои наши политичари. Тоа се некои други деца и други генерации. Тие одлучуваат што ќе сакаат, што ќе им се допадне, а тоа што тропа некаков Хуљиќ – не ни знаат кој е Хуљиќ. За нив Александра е царица и тука застанува се. И нека биде. Александра направи повеќе за мирот меѓу Србите и Хрватите отколку целото ѓубре кое се фотографира во одела и некогаш е во војна, а некогаш е во мир – заклучи Ведрана Рудан, гостинка на Нова ТВ.

Слични објави

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо
Се вчитува....