8.8 C
Скопје
10:17 - 5 февруари, 2026

ВЕЧЕР НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ: Посветена на солидарноста со бегалците

Оваа вечер на Скопскиот џез фестивал (сабота, 23 октомври 2021), претпоследна од 40-тото јубилејно издание, ќе биде посветена на солидарноста со бегалците. По повод тригодишната соработка на иницијативата Џез за солидарност со бегалците, Претставничката на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, Моника Сандри и Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета остварија средба и го изразија своето заедничко задоволство од соработката чија цел е развивање повеќе солидарност со бегалците и воопшто помеѓу луѓето.

Претставничката на УНХЦР Моника Сандри рече: „Почестени сме што соработуваме со Скопскиот џез фестивал, кој со пример ги инспирира и другите да застанат на страната на бегалците. Благодарни сме за постојаната посветеност на Фестивалот и можноста и оваа година да ги здружиме силите и да потсетиме на луѓето кои бегаат од конфликти, прогон и војни и на кои им треба нашата солидарност. Минатата година во светот, повеќе од 80 милиони луѓе биле приморани да избегаат од својот дом. Отприлика половина од бегалците во светот се деца.

Солидарноста е морална и етичка обврска за нас како луѓе и правна обврска за државата. Само со нашата солидарност, бегалците можат да имаат убав живот и да дадат свој силен придонес кон општеството кое ги прифатило.“

Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета рече „Со УНХЦР соработуваме веќе трета година. Но, Скопскиот џез фестивал е на страната на бегалците од многу порано од тоа бидејќи таа кауза доаѓа од идеолошките и хуманитарни определби на фестивалот и хуманата должност што ја имаме како граѓани.

Како фестивал на џезот, кој се смета за форма на уметност што ги крши јазичните, етничките, расните и класните бариери и кој се бори против национализмот и за слободата, ние имаме не само привилегија, туку и одговорност да едуцираме. Пред сè за џезот и музиката од светот, но и за вредностите во општеството и кај секој поединец кој нè следи низ годините. Не смееме да дозволиме омразата да е погласна од солидарноста со бегалците. А, џезот е тука да ни помогне да растеме и да бидеме подобри луѓе.“

Слични објави

(Фото) Задникот во преден план: Јована Јеремиќ провоцира во розов комбинезон

Еспресо

Цеца или Карлеуша? Десингерица откри која колешка му е подрага, никој не очекуваше ваков одговор!

Еспресо

Дневен хороскоп за 5 февруари: Фокусирајте се на работата и завршувањето на обврските

apostolova

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.
Се вчитува....