1.8 C
Скопје
03:58 - 27 октомври, 2026

РАМБО АМАДЕУС: „Човекот сака да суди за работи за кои нема поим, колку помалку знае – толку е поарогантен“

Музичарот Рамбо Амадеус го најави првиот концерт од почетокот на пандемијата. Ќе се одржи на 21 ноември, со придружниот бенд „Пет винети“ во белградската „Комбанк“ арена, со примена на сите епидемиолошки мерки и ќе се емитува во живо преку интернет за целиот свет.

„Мојата главна работа се концертите, ми недостасува публиката, веројатно и јас нив. Скапоцено е чувството кога на едно место се собираат луѓе со сличен вкус и сензибилитет. Секако дека ќе се придржуваме до најригорозните епидемиолошки мерки. Идејата е сите да се чувствуваме безбедно. Недозволиво е како еманципирани граѓани да придонесуваме за ширење на заразата“, нагласи музичарот.

Според него, свеста дека одреден број луѓе ќе го следат онлајн влијае на пристапот кон музиката, бидејќи „додава монументалност тоа што во тој момент те гледаат на различни краеви на планетата”.

Во изминатите месеци Рамбо се посвети на ретроспективна анализа на неговите песни на „Јутјуб“, со што споделуваше интересни забелешки на својот „Фејсбук“ профил.

„Врти-сучи, професионалното занимавањето со музика е една од најпријатните, најбезгрижните професии. Кога произведувате и изведувате музика, најлошото нешто што може да ви се случи е да отсвирите погрешна нота. Колку погрешни ноти свирев и никому ништо. Не можам ни да се замислам на поодговорна работа. Да работам како механичар на авиони или хирург или банкар?“, рече Рамбо.

Потсетувајќи на песната „Don”t Happy, Be Worry“, Рамбо уште во 2000 година зборува недвосмислено за феноменот на глобалното затоплување.

„Тогаш доста луѓе тврдеа дека зборувам глупости. Денес имаме други причини за загриженост, а исто толку и оние кои тврдат дека тоа е глупост. Причината е едноставна. Одбранбен механизам – полесно е човек да мисли дека некој го лаже, отколку да се плаши од некоја реална опасност“, изјави музичарот.

Според него, денес „најголемата опасност за човечкиот род е универзалната неспособност“, затоа што човекот сака да суди за работи за кои нема поим, а колку помалку знае, толку е поарогантен, толку помалку сака да биде информиран, да се потпира на наука“.

КАКО НАСТАНАЛА „CESARICA“: Џибони раскажува дека текстот на песната бил изеден од куче

извор: „cdm“

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....