10.8 C
Скопје
17:54 - 30 март, 2026

Васил Хаџиманов бенд го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Кејф“

Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов бенд, го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf) на концерт во Македонскиот народен театар на 12 април.
Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.
Албумот „Keјф“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Кроациа рекордс.
Албумот содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. Музичките нумери како насловната „Keyf“, но и „Gypsy“, „Afghan Samba“, „Helidoro’s Recipe“, „Mente Pura“, ќе ги потсетат сите љубители на добрата музика на тоа зошто Васил Хаџиманов бенд својата музика ја изведува на бините ширум светот и зошто токму нивната музика  во Србија е прогласена за уметничко дело со национална вредност.
Снимањето и продукцијата на албумот се Gdi For The Arts i Croatia Records.
Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот.
Потпирајќи се на богатото искуство во областа со фолклорот, Васил Хаџиманов е автор кој правилно ја сфати пораката од своите предци и таа инспирација ја преточи во автентичен музички исказ.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....