02:54 - 6 април, 2026

Ужива во луксузот во проѕирен фустан: Еве каде одмара Маја Глигоровска

Маја Глигоровска, нашата позната манекенка, а сега наставничка во основно училиште ужива на монденско место, а тоа го покажа на новата слика на Фејсбук.

Глигоровска е во Шпанија, во Марбеља, а сликана е покрај продавницата на „Долче и Габана“ и во хотелот каде што е сместена. Маја е облечена во проѕирен бел фустан кој повеќе открива отколку што покрива, но секако одлично ѝ стои.

Фото/ Фејсбук

Во една прилика, Глигорвска која е мајка на тинејџер раскажа како реагират на неа родителите на децата на кои им е наставничка.

-Да бидам искрена сум слушнала коментари од типот на”наставничка ќе им била некоја манекенка”, тоа се случува пред да ме запознаат родителите на нови првачиња, но штом почнеме со работа нема предрасуди во врска со мојата предходна професија“; изјавила Маја во Женски магазин.

-Јас не сум само убава жена туку и посветен наставник, не дозволувам да се делат децата, ги учам дека сите се рамноправни, работам на нивната самодоверба, разговарам со родителите на што да обрнат внимание во воспитувањето дома. Во координација сме 24 часа“, изјави Маја.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....