02:24 - 4 ноември, 2026

Утре пред арената „Борис Трајковски“ обожавателите со песна ќе му оддадат последна почит на Владо Јаневски

Во Скопје утревечер во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“, обожавателите на Владо Јаневски ќе имаат можност да се простат од еден од најпознатите македонски пејачи, чии песни со децении беа дел од секојдневието на повеќе генерации.

Според повикот што кружи на социјалните мрежи, присутните ќе можат да запалат свеќи и да ги испеат неговите најголеми хитови, како знак на почит и благодарност за неговиот придонес за македонската музика.

Од продукцијата „Прагма“ која стои зад иницијативата, порачаа дека целта е достоинствено и заедничко збогување, исполнето со емоции, тишина и музика.

„Неговите песни нека одекнат уште еднаш, а светлината од свеќите нека биде симбол на благодарност. Со нашето присуство да покажеме дека вистинските уметници остануваат засекогаш“, стои во објавата на продукцијата „Прагма“.

Организаторите упатуваат повик до сите кои ја сакаа неговата музика да се приклучат на собирот и да му оддадат последна почит на начин кој, како што велат, најмногу му доликува – со песна.

Да потсетиме, Владо Јаневски почина синоќа на 65-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....