8.8 C
Скопје
20:01 - 13 октомври, 2026

„Ќе ми недостигаат нашите разговори за книги, музика и живот“: Елена Ристеска со емотивни зборови за Владо Јаневски

Македонската пејачка Елена Ристеска се прости од Владо Јаневски со емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи детали за нивното долгогодишно пријателство.

Таа напиша дека ќе ѝ недостигаат нивните разговори за книги, музика, животот и професијата, како и дружењата што ги споделувале.

„Ќе ми недостигаш Владе, ќе ми недостигаат нашите разговори за книги и автори, за музика, за животот, за нашата професија, нашите дружби…“, напиша Ристеска.

Пејачката откри дека пред неколку месеци се виделе на кафе и планирале повторно да се сретнат.

„Иако се видовме на кафе пред неколку месеци, пак останавме недоречени, ама договорени да се доискажеме на следна средба која очигледно нема никогаш да се случи“, напиша таа.

Елена му се заблагодари за сите совети, разговори и книги што ги споделиле низ годините, додавајќи дека Јаневски ќе ѝ недостига и поради неговата специфична смисла за хумор.

„Фала ти за сѐ, за секој совет, за секој збор и мудрост, за секоја средба, за секоја книга споделена, за секоја песна…“, напиша Ристеска.

На крајот од објавата откри дека уште како дете песната „Корпичка“ била нејзина омилена, а како музичка подлога ја избра „Булки“.

Слични објави

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Марко Јариќ? Поранешниот кошаркар излезе на вечера со ќерките и партнерката

Еспресо

Тарик Филиповиќ објави ретка фотографија со синот Арман – уживаа на посебно место

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум откри што најмногу ја боли: За жал, не сум во добри односи со мојот син

Еспресо

(Фото) Камин во дневната соба, уметнички слики на ѕидовите – ѕирнете во луксузниот дом на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Фото) Шлицот на Ана Ивановиќ ги остави сите без зборови! Тенисерката блесна во жолт провокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините за неа се само бројка — Амернис Нокшиќи го прослави роденденот со ќерките и пријателите

К.С.
Се вчитува....