9.8 C
Скопје
14:05 - 22 јануари, 2025

Уште еден повик за битка против корумпирани судии – Црвенковска апелира на акција

Голем дел од граѓаните немаат доверба во судскиот систем затоа што знаат, мислат или осетиле на своја кожа дека некои судии се корумпирани. Тоа го срозува судството и не смее да не остави неми посматрачи на ваквиот процес, порача претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска на тркалезната маса „Програма за превенција и следење на корупцијата во судството“ организирана од советот  во соработка со Центарот за меѓународна правна соработка и проектот МАТРА.

„Активностите против корупцијата повеќе не може да останат само на хартија и да се архивираат, нам ни е неопходна акција, делување кое ќе го натера Судскиот совет да создава услови со кои ќе направи одговорни судии имуни на поткуп, делување кое целиот судски систем ќе го постави поинаку и нема да остави простор корупцијата да ја одредува правдата, вели Црвенковска.

Споед претседателката на Судскиот совет, правдата мора да произлезе од фактите и доказите низ транспарентна и фер постапка.

„Тоа значи судиите да носат независни, издржани и аргументирани пресуди, пресуди на кои ќе им веруваат граѓаните во постапката. Пресуди ослбодени од секаков вид влијанија, вклучително и на оние од центрите на моќ кои со корупција ја загрозуваат правдата. Ние сме сега во ситуација во која владее перцепцијата дека нашиот судски систем не е имун на корупција, но тоа не значи да се откажеме од намерата да создадеме услови во кои ќе изградиме систем на вредности, а потоа ќе можеме да очекуваме дека граѓаните ќе ни веруваат затоа што сме решени да ја спречиме корупцијата во одредување на правдата“, вели Црвенковска.

Според неа еден од клучните сегменти е да постојат судии со интегритет, судии со морални и етички вредности, на кои правдата им е поважна од договорите во судница.

„Ние нема никогаш да можеме да зборуваме, а камо ли да имаме функционален и независен систем ако не ја искорениме корупцијата. Ние како Судски совет можеме да ги спроведеме сите реформи, да направиме идеално судство според законска рамка, да продолжиме со примена на методологии, како таа за квалитативно оценување на судии и методологијата за сложеност на предмети, но ако не ја совладаме корупцијата ќе нема смисла нашето настојување за независно судство, порача  Црвенковска.

Слични објави

(Фото) Едно име е со здебелени букви: Се појави список на пејачи чии песни се забранети да се пуштаат на протестите

Еспресо

(Фото) Ќерката на српската пејачка работи за Трамп, била дури и на инаугурацијата и балот!

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо
Се вчитува....