19.8 C
Скопје
17:39 - 21 октомври, 2026

Турска пејачка си ја отсече косата на сцена: „Ако нè кубете за нив, нема да ги имаме“

Протестите по смртта на 22-годишната Махса Амини се проширија низ Иран како шумски пожар, а поддршката на луѓето доаѓа и од различни делови на светот. Сега кон сето тоа се приклучи и познатата турска пејачка Мелек Мосо.

Мосо си отсече прамени од косата за време на нејзиниот настап за да изрази солидарност со жените од Иран. Нејзиното видео набрзо се прошири на интернет и доби многу пофални зборови.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види како Мосо, облечена во свечена бела облека со детали од тантела, со ножици си отсекува дел од косата, додека во позадина се слуша како публиката ја бодри.

Самата Мосо го сподели видеото на својот инстаграм-профил и напиша:

„Ако сакате да не кубете за коса и да не вовлечете во вашата темнина, ние ќе ја скратиме таа коса. Слободата треба да биде еднаква за сите во светот. Право на сите жени е да живеат хумано во овој свет. Различни ограничувања и прогонства на моите сестри, каде било во светот, ми го кршат срцето“, напиша Мосо.

Пејачката додаде дека до крај ќе стои покрај иранскиот народ и жените кои таму се борат за својата слобода.

Инаку, Мосо отсекогаш важеше за „гласен“ поборник за правата на жените. Во 2020 година, пејачката беше симната од сцената затоа што го критикуваше ослободувањето на полицаецот силувач во Турција.

На еден од концертите таа кажа: „Ако сакате да бидете отворени, отворете се. Ако сакате да зборувате, пуште глас. Не треба никој да ви кажува како да се однесувате, што да правите, како да се облекувате, девојки. Вие имате свои крилја. Не мора да бидете под ничија закрила. Летајте“.

Мосо важи за многу популарна пејачка во Турција, а позната е по бројните хитови кои често може да се слушнат во турските серии што се прикажуваат кај нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by melek (@melekmosso)

Слични објави

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо
Се вчитува....