20.8 C
Скопје
16:28 - 21 октомври, 2026

Објавен нов портрет на кралското семејство: Меган и Хари не се веќе „во игра“?

На профилите на британското кралско семејство се појави нов официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт. Портретот е направен во Бакингемската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета.

-Нивното височество кралот и кралицата со нивното кралско височество Принцот и принцезата од Велс. Снимено во Бакингемската палата на 18 септември, снимката е направена од Крис Џексон, стои во описот на фотографијата која за помалку од 24 часа по објавувањето собра над 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а кралот ја има ставено раката во џеб. Неколку моменти откако беше направена оваа фотографија тие одржаа прием за светските лидери кои дојдоа на погребот во Лондон.

– Сликата навестува дека можеби се уште постојат моменти кога кралското семејство може да се повлече од должноста, пишуваат британските медиуми и додаваат дека ова е фотографија која го симболизира почетокот на владеењето на Чарлс.

Се истакнува и дека фотографијата ја прикажува „на дело намалената монархија на Чарлс“. Имено, новиот крал со години се залага од јавниот буџет да се финансираат само мал број членови на најтесното кралско семејство.

Многумина пронајдоа одредена симболика во фотографијата.

– Ова е минатото и иднината на нашата монархија, напишаа некои, воодушевени од овој потег на кралската палата, додека пак на други им пречи тоа што фотографијата е направена во период на жалост за кралицата, па коментираат, „Дали се сликате додека тагувате по мајка или баба?“

Сепак, најголемо внимание привлече фактот дека на фотографијата ги нема вториот син на Чарлс, Хари и неговата сопруга Меган. Имено, во коментарите често се споменува терминот „The Fab Four“, односно „фантастична четворка“. Овој прекар првично го користеа Британците за Хари, Меган, Вилијам и Кејт, додека не дојде до поделба меѓу браќата. Сега така ги нарекуваат Чарлс, Камила, Вилијам и Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Слични објави

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо
Се вчитува....