9.8 C
Скопје
21:52 - 19 февруари, 2026

Тошиќ бара развод од Јелена Карлеуша, таа му одговори: „Со години трпам закани…“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Пејачката Јелена Карлеуша се огласи по изјавата на Душко Тошиќ дека сака споразумен развод.

Пејачката покажа преписка со адвокатот и истакна дека таа е иницијатор на разводот, како и дека го чекала пет години.

Сега повторно се огласи Душко Тошиќ кој се закани дека ќе изнесе детали од приватниот живот на Јелена.

„Дај Боже конечно да одлучила да се разведеме, споразумно“, напиша Тошиќ и додаде:

– Бидејќи гледам многу лаги од другата страна… Четири години не се огласував за мојот приватен живот, бидејќи мислам дека сум над секоја ситуација, но сè има свои граници. Мојата толеранција полека завршува, па наскоро детално ќе ја дадам мојата верзија, но се плашам дека медиумите ќе треба да се занимаваат со тоа во следните две години – изјави фудбалерот.

Карлеуша бурно реагираше на неговата изјава, презентирајќи детали од животот со Тошиќ.

– Додека спијам со моите деца во соба, „другата страна“ (како што ме нарекува) пишува „стори“ од приватни забави. Што се однесува до заканата што ја напиша, морам да кажам дека со години во континуитет трпем закани од ваков вид, следење, прислушување, уцени, навреди, физички напади итн. Би сакала да ја замолам „другата страна“, иако тука постои само една наша и тажна страна, наместо дополнително да не брука во медиумите (зар немаше доволно брука за три животи) конечно да одговори на предлозите за спогодбен развод за кој чекам пет години. Тоа е се што треба да направи наместо јавно да и се заканува на мајката на неговите деца, која за него и поради него милион пати застанала во одбрана – напиша Карлеуша на Инстаграм.

(Фото) Јелена Карлеуша со брутална порака ги запали мрежите: „Кога ќе ми каже дека сум луда…“

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....