01:40 - 10 ноември, 2026

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“.

Бејби Лазања од Хрватска со песната „Рим Тим Таги Дим“ до пред една недела важеше за главен фаворит и беше на првото место за победа на обложувалниците, но сепак го зазеде второто место со 547 поени, додека Немо имаше 591 поен.

Сега после Евровизија се огласи и хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ.

– Се што кажав сега можам повторно да потврдам и така беше. Бејби ќе победи со гласови на публиката, а жирито ќе се сврти кон Франција или Швајцарија. Пред се кон Швајцарија поради ситуацијата која вообичаено владее на Евровизија, за да бидеме политички коректни…, изјави тој за Ртл.

Тончи откри и каква кариера му предвидува на Бејби Лазања:

– Пред се, треба да знаете дека тој веќе ја има кариерата, но тој е скромна, бескрајно нормална, оптоварувачки нормална личност. Како да ви кажам, едноставно те оптоварува што некој може да биде толку нормален, стабилен и прибран. А тоа е тој.

– Она што е најважно е пораката што ѝ ја испраќа на хрватската јавност со својот изглед, но ја испрати и во Европа. Тој покажа како чистотата на душата, добрината, скромноста и понизноста можат полека да почнат да ја трансформираат оваа цивилизација која е во распаѓање, рече Хуљиќ.

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....