11.8 C
Скопје
16:23 - 30 март, 2026

Тишина која боли: Марија Шерифовиќ се огласи на значаен датум, причината ги допре сите

Пејачката Марија Шерифовиќ се огласи на годишнината од смртта на легендарниот „крал на народната музика“, Шабан Шаулиќ, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија пред седум години.

Шаулиќ настрада на 17 февруари 2019 година, враќајќи се од настап. По несреќата бил итно пренесен во болница, но им подлегнал на повредите. Болката по неговото заминување и денес е жива меѓу колегите и публиката.

По тој повод, Шерифовиќ сподели црно-бела фотографија од починатиот пејач и емотивна порака: „Секој од нас поминува низ времето, но ретки оставаат трага во него. Прашањето не е колку долго живееме, туку што останува зад нас. Недостигаш“.

Фото: Скриншот

Шабан Шаулиќ беше погребан на 22 февруари во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, по комеморацијата во Собранието на град Белград. На вечниот починок беше испратен со песната „Не плачи душо“.

Во истата несреќа животот го загуби и неговиот долгогодишен соработник и возач Мирсад Кериќ, кој почина од тешките повреди здобиени во судирот. Единствен преживеан од автомобилот беше кумот на Шаулиќ, Слободан Боби Стојадиновиќ.

Возачот Алсин Левент беше осуден на три години и три месеци затвор за двојно убиство, пресуда што во јавноста беше оценета како преблага.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....