9.8 C
Скопје
15:03 - 31 март, 2026

Тие не се само богати заводници – Леонардо ди Каприо и Џеф Безос ги здружија силите за заштита на прашумата во Амазон

Леонардо ди Каприо и Џеф Безос донираат за заштита на дождовната шума во Амазон.

Две непрофитни организации, „Ре: Вајалд конверзејшн“ на Ди Каприо и „Натуре солушнс“ на Безос, донираа 200 милиони долари за „Протект авар планет“.

Леонардо ди Каприо и Џеф Безос ги здружуваат силите за да ја спасат амазонската прашума. Оскаровецот и основач на Амазон ќе и помогне на организацијата „Протектинг авар планет челинџ“ да инвестира 200 милиони долари во напорите на бразилската влада за зачувување на дивиот свет и домородните луѓе во Амазон во следните четири години.

„Ние сме инспирирани од амбициозните цели на Бразил за заштита на Амазон, едно од најважните места за дивиот свет на планетата, и воодушевени сме што можеме да ги поддржиме тие напори преку „Предизвикот за заштита на нашата планета“,  изјавиДи Каприо, кој се приклучи на движењето преку „Ре: Вајалд конверзејшн“, се вели во соопштението.

Безос е вклучен преку неговиот „Фондот Безос за Земјата“, иницијатива што тој и неговата вереница Лорен Санчез ја започнаа за да помогнат во борбата против климатските промени.

„Амазон е клучен за иднината на глобалната биолошка разновидност и клима, и ја поздравуваме посветеноста на претседателот Лула и бразилската влада да ја заштитат“, рече Кристијан Сампер, извршен директор и раководител за решенија за природата во „Фондот Безос за Земјата“.

Предизвикот за заштита на нашата планета има за цел да го запре уништувањето на шумите во Амазон, трајно да заштити околу 60 милиони хектари неопределени јавни површини и да го зајакне управувањето со постоечките заштитени региони и правата на домородните чувари на бразилскиот Амазон.

Амазон – кој ги вклучува Бразил, Боливија, Перу, Еквадор, Колумбија, Венецуела, Гвајана и Суринам и Француска Гвајана – е од клучно значење за народите од повеќе од 400 домородни групи и е дом на милиони видови. Сепак, 17 отсто од амазонската шума веќе исчезна, а научниците стравуваат од катастрофални последици доколку таа бројка достигне 20-25 отсто, се вели во соопштението.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....