18:09 - 14 ноември, 2026

Вандализмот на Колосеумот во Рим дебело ќе го плати, му се закануваат и до пет години затвор на британскиот турист

Британскиот турист кој предизвика гнев во јавноста, откако на ѕидот на Колосеумот во Рим го врежал своето и името на својата сакана постојано се извинува за сторениот вандализам, но тешко ќе се спаси од казната.

Иван Димитров бил снимен од лут турист додека го врежувал името на својата девојка Хејли Брејси во римската зграда стара 2.000 години, пренесува „Индепендент“.

Снимката од инцидентот набрзо стана вирална пред италијанските карабинери да го пронајдат парот во Бугарија, оваа недела.

Карабинерите рекоа дека Димитров изразил „искрено каење“ за неговите постапки, рече портпаролот на карабинерите, мајорот Роберто Мартина.

Ни кажа дека е многу вознемирен поради тоа што го направил и постојано се извинува за тоа, изјави Мартина за Дејли Мејл.

„Мислам дека тој беше загрижен за последиците од судењето и му објаснивме дека може да биде затворен од две до пет години и парична казна до 15.000 евра“, рекол мајорот.

„Не го прашавме зошто го направи тоа, тоа ќе го слушне судијата, само му кажавме дека е осомничен и дека е дел од истрагата.

Слични објави

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.

Дарио Панковски со емотивна исповед: Растев сам, немаше кој да ме научи како да одам низ животот

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус го покажа својот син Леоне кој ретко се појавува во јавноста

Еспресо

Душица Јаковљевиќ искрено за здравствената драма пред ТВ-камерите: „Сè ме болеше, ми навираа солзи, а мислеа дека сум пијана“

Е.А.

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.
Се вчитува....