17.8 C
Скопје
14:34 - 18 октомври, 2026

Теа Таировиќ или Бијонсе? Сите зборуваат за сребрениот стајлинг и круната, на која ѝ стои подобро?

Регионалната музичка ѕвезда Теа Таировиќ минатата недела на својот Инстаграм ги заинтригира фановите со најава за нов проект под наслов „Доминантна“.

Теа тогаш објави видео во впечатлив сребрен костим, со круна на главата, со што јасно најави силен и самоуверен концепт кој ја следи од самиот почеток на нејзината кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

И додека за нејзиниот изглед сè уште се зборува на социјалните мрежи, синоќа се одржа и познатата Мет Гала, каде меѓу бројните светски ѕвезди блесна и Бијонсе. Таа на црвениот тепих се појави во сребрен фустан со круна на главата, што многумина ги потсети токму на неодамнешниот стајлинг на Теа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala (@metgalaofcial)

Сличноста во модниот израз не остана незабележана ни од публиката, па социјалните мрежи набрзо беа преплавени со коментари за речиси идентичната естетика – сребрени тонови, гламур и круна како симбол на доминација. Дали станува збор за случајност или инспирација, останува да се нагаѓа, но едно е сигурно – Теа и тоа како знае како да привлече внимание и да постави тренд.

Да потсетиме, Теа го најави својот нов проект под наслов „Доминантна“, кој излегува на 12 мај, а таа вешто крие за што точно станува збор, па публиката со нетрпение го очекува денот кога новиот проект на младата музичка ѕвезда ќе ја види светлината на денот.

принтскрин X

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....