15.8 C
Скопје
08:13 - 21 септември, 2026

Тажната приказна зад една од најубавите балади на „Прљаво казалиште“ – „Ту ноч кад си се удавала“

Песната „Ту ноч кад си се удавала“ на „Прљаво казалиште“ за многумина е една од најубавите балади, а со нејзиното настанување се поврзува многу тажна приказна.

Оваа песна често се наоѓа на репертоарот на оние со скршени срца. Но, колку и да им изгледа нивната љубовна приказна трагична во тој момент, тешко дека може да ја надмине онаа за која се зборува дека стои зад познатите стихови.

Според легендата што со години се прераскажува, Јасенко Хоура, фронтменот на „Прљаво казалиште“, имал девојка во која бил многу вљубен. Кога заминувал во војска, ја прашал дали ќе го чека, а таа му ветила дека ќе го направи тоа.

Кога се вратил, со бендот договорил настап на една свадба, за подоцна да дознае дека станува збор токму за свадбата на неговата девојка.

Слична приказна се поврзува и со песната „Свирајте ми јесен стиже дуњо моја“ на Ѓорѓе Балашевиќ.

Балашевиќ исто така бил вљубен во девојка од соседството кога заминал во војска. Кога се вратил од војска, го пречекала мајка му, која му кажала дека мора да оди на свадба кај соседите.

Погодувате – станувало збор за свадбата на девојката што ја сакал.

Слични објави

Хороскоп за 21 септември: Скорпиите ги очекува тежок работен ден

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ се мажи – младоженецот не е од Србија

Еспресо

Неделен хороскоп од 21 до 27 септември: Близнаците ќе ги изненади една порака, Лавовите ги очекува нова можност

Т.Ц.

Маја Шупут повторно љуби? Еве со кого отпатува во Лондон

Еспресо

Ѓина Џиновиќ директно од Белград им се обрати на Мелина и нејзиниот сопруг: „Се молат мајка ми и очувот…“

Еспресо

(Фото) Проѕирно боди, крв и маска – Хана Хуљиќ покажа досега невидено издание, реагираше и Грашо

Еспресо
Се вчитува....