36.5 C
Скопје
15:30 - 11 август, 2026

„Војин ми го поправа лесковачкиот акцент кога се расправаме“: Слобода Миќаловиќ откри детали од бракот

Актерката Слобода Миќаловиќ и нејзиниот сопруг Војин Ќетковиќ, веќе 18 години уживаат во складен брак, а деталите од приватниот живот главно ги чуваат подалеку од очите на јавноста.

Сепак, Слобода во една прилика откри како изгледаат нивните моменти на несогласување и призна дека, како и секој друг пар, знаат да се расправаат.

„Кога не ми е сè по волја, се слушаат акценти кои се поинакви и кратки. Кога јас и Војин се расправаме, тој ми го поправа акцентот. Во Белград сум повеќе отколку во Лесковац и сега сум најлошата варијанта, бидејќи малку зборувам како што треба, а малку со тој лесковачки акцент“, раскажала Слобода за српските медиуми.

Слобода порано зборуваше и за тоа дека десетгодишната разлика меѓу неа и Војин не ја гледа како пречка, туку како предност во нивниот однос.

Како што истакна, двајцата се согласуваат и кога станува збор за воспитувањето на нивните ќерки, близначките Мила и Вера, пишува „Телеграф“.

„Десетгодишната разлика меѓу мене и Војин е предност. Тоа го знаев уште од млади години, бидејќи растев покрај баба ми и дедо ми, меѓу кои исто така имаше десет години разлика. Ние двајцата сме свесни дека да имаш ќерки близначки значи дека мора да бидеш строг, бидејќи тие се мала војска која треба да биде послушна“, рекла актерката.

Слични објави

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска во Истанбул — се сретна со Хурем Султан од „Величествениот“

Еспресо

Поранешниот тапанар на „Парни ваљак“ осуден на казна затвор

Еспресо

(Фото) На море во најдоброто друштво: Нина Бадриќ сподели фотографии со посебна личност во својот живот

Еспресо

(Фото) Летна идила во Маврово — Катарина Ивановска ужива со децата и партнерот Стефан

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

(Фото) Спомени што не избледуваат — обожавателка објави фотографии од Тоше Проески од концертот во Охрид во 2006 година

Еспресо
Се вчитува....