03:31 - 2 ноември, 2026

Александра Пријовиќ ги растопи срцата на фановите – нежен момент со ќеркичката

Пејачката Александра Пријовиќ со своите следбеници сподели нежен момент со ќерката.

На фотографијата што ја објави се гледа како Александра ужива во базенот со својата десетмесечна наследничка.

Малото девојче видно пораснало, а Александра не крие колку ја исполнува мајчинството. Иако приватниот живот главно го чува подалеку од очите на јавноста, одвреме-навреме ги радува следбениците со семејни моменти кои предизвикуваат бројни позитивни реакции.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ се породи во септември минатата година, а раѓањето на ќеркичката ја надополни семејната среќа. Оттогаш пејачката вешто балансира меѓу деловните обврски и семејниот живот, а секој слободен момент го користи за да биде со децата и семејството.

Деновиве се споделуваше една интересна естрадна приказна поврзана со Пријовиќ. Нејзината култна балада „Све по старом“, која има дури 58 милиони прегледи на Јутјуб, првично воопшто не била наменета за неа.

Песната ја напишал нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, но ја подготвувал за популарниот „Лексингтон бенд“. Александра самата ја откри оваа тајна на еден од своите концерти, кога јавно му се обрати на пејачот Бојан Васковиќ:

„Боки, само да ти кажам, вие имате толку многу убави песни, па веројатно и јас заслужував една ваква“, се пошегува Прија, од чија изведба на крајот излезе безвременски хит.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....