23:39 - 6 април, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила

Влатка Гракалиќ

Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила, почина еден месец откако дознала дека боледува од рак на матката.

Таа настапуваше со Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос.

Влатка Гракалиќ починала во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст, потврди за „Вечерњи лист“ сестрата на Влатка, Маја.

– Да, за жал Влатка почина во неделата на 31 октомври 2021 година, по кратко и тешко боледување. Простувањето ќе биде тивко во најтесниот круг на семејството. Бараме мир и разбирање во овие најтешки моменти – изјави Маја Гракалиќ.

Да потсетиме, Влатка настапуваше со Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос. По смртта на фронтменот на Сребрени крила, Мустафа Исмаиловски, таа се посвети на соло кариерата и во 2008 година настапи на Дора со песната „Кажи ми“.

– По смртта на колегата Муц решив да ја напуштам Хрватска и прифатив еден ангажман. Работев како пејачка со еден кавер бенд на Мајорка – изјави еднаш таа за „ИнМагазин“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....