5.8 C
Скопје
03:26 - 1 април, 2026

Таткото на Бритни Спирс хоспитализиран во тешка состојба

Џејми Спирс (71) бил хоспитализиран неколку недели поради тешка инфекција за која била потребна операција, пишува Пејџ сикс, цитирајќи извор близок до семејството.

Оваа година е вторпат таткото на Бритни Спирс да биде примен во медицинска установа. Тој претходно сесоочи со компликации од операцијата на коленото и беше принуден извесно време да остане под медицинска нега.

Потоа изгуби повеќе од 11 килограми. Во исто време, имаше гласини дека Бритни сакала да се помири со нејзиниот татко поради неговите здравствени проблеми, но по некое време пејачката се предомислила за подобрување на односите со Џејми. Според извори блиски до пејачката, таа никогаш не може да му прости за старателството долго цели 13 години, верувајќи дека ѝ украл добар дел од животот.

„Навистина се чувствував како татко ми да сака да ме убие и се надевам дека ќе гори во проклетиот пекол“, напиша Бритни пред една година на социјалните мрежи.

За возврат, Џејми, откако престана да биде старател на неговата ќерка, се однесуваше прилично воздржано и не ги коментираше нејзините напади кон него.

Бритни Спирс моментално е во процес на развод од сопругот Сем Асгари со кој беше во врска шест години, а во брак 14 месеци. Фитнес инструкторот и актер со иранско потекло се исели од луксузниот дом на неговата сопруга и сега живее во луксузен апартман во Лос Анџелес, чија кирија ја плаќа пејачката

Осаменоста ја влоши веќе нестабилната емоционална состојба на уметницата. Таа се повеќе ги плаши фановите со своите хаотични танци, а неодамна танцуваше и со ножеви – танцот заврши со доаѓање на полицијата.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....