-0.2 C
Скопје
05:44 - 22 ноември, 2024

Татко ѝ на Меган Маркл итно пренесен во болница поради мозочен удар, дали на повидок е помирување меѓу таткото и ќерката?

меган маркл

Седумдесет и седумгодишниот Томас, кој лежел болен во својот дом во Мексико, итно бил пренесен во болница во Калифорнија. И сега сите се прашуваат дали ќерката – војвотката со која нема контакт со години ќе ги остави настрана старите огорчености и ќе потрча до неговиот кревет.

Томас Маркл, таткото на Меган, е хоспитализиран, парализиран и не може да зборува. Неговата состојба е тешка, но стабилизирана. 77-годишникот се чувствувал лошо – наводно доживеал мозочен удар – во неговиот дом во Росарито, Мексико. Брзата помош итно го префрлила, со маска за кислород на лицето, во болница во Чула Виста, Калифорнија. Град на само неколку часа возење од Монтесито, каде живее ќерката – војвотката со која нема контакт со години. И сега сите се прашуваат: дали Меган ќе го посети? Засега се знае со сигурност само дека другите две деца, Томас помладиот, и Саманта, се покрај него. Првиот бил со него додека го превезувале во болница, додека Саманта, која живее на Флорида, пристигнала неколку часа подоцна и преку Дејли Меил побарала почитување на „приватноста и благосостојбата“ на нејзиниот татко, „мир и одмор“. Од Меган, сепак, засега нема никаква трага.

Во основата на разделбата татко-ќерка, која датира од 2018 година, има две причини: фотографиите на Меган што Томас им ги продаде на британските таблоиди пред кралската венчавка ( на која Томас не присуствуваше поради проблеми со срцето) ; и приватното писмо на Меган до нејзиниот татко кое, исто така, истата година заврши во таблоидите.

Оттогаш, односите се влошија до тој степен што Меган никогаш повеќе не сакаше да го види својот татко. Ниту, пак, му дозволи да се сретне со неговите внуци Арчи и Лилибет Дијана. Што се однесува до внуците, седумдесет и седумгодишникот постојано најавуваше битка, вклучително и правна: „Сакам да се видам со моите внуци, ќе ги одведам Меган и Хари  на суд“, изјави тој за Фокс њуз во јули 2021 година. „Како дедо имам право да се видам со моите внуци. Не сум направил ништо толку погрешно и повеќе пати сум се извинил“.

Од своја страна, војвотката прозборе за нејзиниот татко во март 2021 година, во клип од шокантното интервју со Опра Винфри кое не се емитуваше поради недостаток на време, но од друга страна стана вирално на социјалните мрежи. „Татко ми ме лажеше“, ѝ рекла Меган на Опра. „Јас и Хари му се јавивме на татко ми и го прашавме дали е вистина дека се согласил да продаде некои фотографии на таблоидите. Тој одговори: „Не, апсолутно не“. Му објаснив дека ако ме лаже, тоа ќе им наштети не само на мене и на Хари, туку и на децата што ќе ги имаме во иднина. Постојано ме лажеше. И тоа ме шокираше засекогаш“.

Томас Маркл планираше да лета за Лондон на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во наредните денови. Во Лондон, седумдесет и седумгодишникот се надевал дека ќе ги поправи односите со својата ќерка и конечно ќе ги запознае своите внуци. Хоспитализацијата, секако, го откажува неговото заминување. И сега британските таблоиди се прашуваат дали Маркл, често претставена како „ладна и рамнодушна“ ќерка, пред толку тешка болест ќе му прости на својот татко и ќе истрча до неговиот кревет.

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....