7.8 C
Скопје
10:45 - 1 април, 2026

(Фото) Татјана Стојановска сврте нов лист, ретка фотографија од убавата презентерка

Татјана Стојановска реши да сврти нов лист, а тоа го покажа со ретко видео коешто го објави на социјалните мрежи.

Убавата ТВ-презентерка и водителка сподели момент како вежба со тегови во теретана и со тоа покажа дека е подготвена да сврти нов лист, со здрави навики.

Татјана е секако една од најубавите жени во нашата јавност, која внимава на својот изглед, на дикцијата и на македонскиот литературен јазик.

Десет години откако се свршија, Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис-консултантот Михаил Китановски, во јуни во 2023 година се венчаа пред најблиските.

– На 10 јуни во 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно.

И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак – рече тогаш Татјана за „Слободен печат“.

– Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен. Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста – рече таа во друго интервју.

 

 

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....