06:07 - 12 март, 2026

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

Пејачката Тања Савиќ за првпат искрено проговори за љубовта со 11 години помладиот Мухамед Муки Бешиќ и со својата изјава збуни многумина.

Имено, таа ја коментираше врската со Муки, а му се обрати со „сопруг“, поради што сите веднаш се запрашаа дали Тања е таа која во строга тајност го изговорила „судбоносното да“?

-Мојот сопруг е навистина прекрасен… Можам да кажам, никој не знае за нас дека сме заедно повеќе од две години и ова е ексклузивно.

Како што понатаму изјавила, двајцата долго време работеле тајно на врската, а сега тој ѝ помага да ги „изведе“ синовите на вистинскиот пат.

– Долго време се криевме од јавноста, работевме многу на нашата врска и се уште работиме на тоа. Работиме многу со децата и се трудиме да ги изведеме на вистинскиот и здрав пат – изјави Тања за ТВ Токсик.

Инаку, Тања неодамна откри зошто на почетокот криела дека ужива во новата романса.

– Се криевме некое време и беше многу тешко и стресно. Не можам да и откријам на јавноста колку сме навистина заедно. Не сум глупава жена да пуштам некои работи во етерот и да му покажам на партнерот дека не сум сигурна во тоа после се што ми се случи. Јас сум многу внимателна и само кога сум 100 проценти сигурна за нешто, го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и малку да се информира за мојот живот – рече пејачката и додаде дека Муки е пилот и дека е 11 години помлад од неа.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....